Заслужуваме подобро!

“Заслужуваме подобро!” е граѓанска акција во која ние, граѓаните, зборуваме за нашите секојдневни проблеми и за нашата итна потреба од подобар живот. Ние веруваме во капацитетите на ова општество, во разумот на граѓаните и тргнувајќи од нашите права и потреби бараме итна промена на начинот на управување со државата во правец на обезбедување подобра живејачка.

Законите за хонорарците се неуставни!

ПРИКЛУЧИ СЕ КОН ГРУПНАТА ПРЕТСТАВКА ДО УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. ПРАВО НА ЕДНАКВОСТ И РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА ХОНОРАРЦИТЕ! Зошто? Хонорарците ќе плаќаат придонеси, а нема да имаат право на плата, на пауза, на годишен одмор, на синдикално здружување, на породилно/родителско отсуство итн. Хонорарците се заглавени во бирократските лавиринти кои ни администрацијата не знае како.

АЈДЕ! – Платформа за граѓанска иницијатива

Проглас Почитувани граѓанки и граѓани, Демократија не е можна без активни и здружени граѓани! Се здружуваме за да ги вратиме слободата, демократијата и социјалната правда во Република Македонија! Денес, тие се загрозени токму од оние кои треба да ги штитат. Денес, Македонија е сиромашна, неправедна и сè позатворена земја. Денес, демократијата е сведена само на.