Отпадот – богатство за граѓаните, не загадувач

Здружението ПАКТИС Прилеп во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“ на 15 Декември 2015 година (вторник), со почеток во 18 часот во Хотел „Кристал Палас“ во Прилеп, организира трибина на тема „Отпадот – богатство за граѓаните, не загадувач“, на која ќе биде промовиран прирачник со наслов „Од отпад до енергија“.

Обука на 10 млади лидери

Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС од Прилеп, во рамки на проектот „Лидери на заедницата“ објавува оглас за обука на 10 млади лидери од општина Прилеп. Избраните кандидати ќе поминат тренинг од областа на „Алатки за граѓански активизам и лидерство“ а потоа поделени во две групи ќе поминат обуки од областите на „Истражување и.

ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Здружение центар за стратегии и развој ПАКТИС пристапува кон коалицијата ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА, затоа што не е ни предизборна коалиција, ни коалиција за освојување на власта. Коалицијата ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА е коалиција за освојување на слободата, демократијата и владеењето на правото.

Систем на алтернативни мерки

ПАКТИС – Прилеп, во рамки на грантова шема МРЕЖА 23, организира отворена Трибина со наслов: Систем на алтернативни мерки, која ќе се одржи во Среда (08.04.2015 година), во Хотел Кристал Палас, со почеток во 12,00 часот.

Работен состанок Пактис и ЕПИ

Работен состанок помеѓу Пактис и Институт за Европска Политика (ЕПИ) за спроведувањето на проектот „Применливоста на алтернативните мерки во О. Прилеп“ како дел од грантовата шема „Мрежа 23“