Пописот е демократија, а не само етничка бројка!

На 14 мај 2014, во просториите на Здружение Центар за стратегии и развој Пактис од Прилеп, се одржа работилница на тема “Пописот е демократија, а не само етничка бројка“. Оваа работилница е оджана во рамките на истоимениот проект кој го спроведува НВО Инфоцентар во партнерство со Македонскиот центар за европско образование, Центарот за развој на медиуми и 8-ми Септември. На почетокот на работилницата воведно обраќање имаа Владимир Вангелов и Џелал Хоџиќ. Се разговараше за потребата од попис врз кој би се базирало креирањето на политики и развојни стратегии во различни полиња и општествени сегменти. Посебно се акцентираше нужноста од попис и релевантни статистички податоци во делот на економијата, социјалната политика, земјоделието, здравството, образованието, децентрализацијата и земјоделието.

Нагласена е потребата на промена на фокусот на доминантниот наратив во јавноста од етничките кон суштествените аспекти (економски, социјални, образовни…)

„Пактис“ со огромно задоволство ќе биде дел од неформалната коалиција која ќе има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за нужноста од спроведување на попис на населението на Република Македонија. Следниот период активно ќе се вклучиме и во организација на трибина на тема “Попис“, која следните недели ќе се одржи во Битола.