Застапување за слобода на изразување

НВО Инфоцентар во рамки на проектот „Застапување за слобода на изразување“ во соработка со Центарот за стратегии и развој ПАКТИС, организираше две работилници во Прилеп, од кои едната на тема „Односи со јавност и комуникациски вештини“ на која предавач беше Билјана Бејкова, а другата на тема „Слобода на изразување и здружување“ на која предавач беше Уранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет за човекови права.