Обука на 10 млади лидери

Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС од Прилеп, во рамки на проектот „Лидери на заедницата“ објавува оглас за обука на 10 млади лидери од општина Прилеп.

Избраните кандидати ќе поминат тренинг од областа на „Алатки за граѓански активизам и лидерство“ а потоа поделени во две групи ќе поминат обуки од областите на „Истражување и стратешко планирање“ и „Медиа и улична уметност“.

Обуките за трите модули ќе бидат спроведени во месеците Август и Септември 2015 од страна на искусни и професионални тренери.

Пријавите за конкурсот се достапни на www.mkfront.org и www.pactismk.com.

Ги охрабруваме сите заинтересирани млади лица, пополнетите пријави заедно со нивно CV да ги испратат на csd.pactis@gmail.com, заклучно со 10 Август, 2015.

При изборот на кандидати, организаторот ќе се води според принципот на родова еднаквост.