Акција: Креираме уметност, не вандализам

Во рамки на проектот „Јакнење на капацитети“ спроведовме акција под мотото „Креираме уметност, не вандализам“.

Во рамки на акцијата повеќе младински активисти и млади уметници, учествуваа во сликање на урбани креативи на јавен простор.

Денес, сите деца се радуваа на цртежите што во рамки на акцијата беа насликани на потпорниот ѕид покрај Основното училиште „Блаже Конески – Прилеп“.

Посебно сме охрабрени што новата Локална самоуправа го препозна нашиот енузијазам и изрази поддршка за оваа акција.