Лидери на заедницата

Проектот „Лидери на заедницата“ има за цел да ги поттикни младите во Општина Прилеп да бидат проактивни во справувањето со локалните проблеми на заедницата.

Проектот ќе произведи 10 млади лидери од Општина Прилеп, професионално обучени и усовршени да работат на општествените проблеми и прашања во локалната заедница, користејќи ги алатките и можностите на граѓанскиот активизам.

Истовремено, проектот ќе ги зајакни нивните индивидуални капацитети со специфични вештини за стратешко планирање при справувањето со граѓанските проблеми, како и со вештини за успешно комуницирање на проблемите со јавноста (Улични перформанси, Видео и интернет активизам).

Младите лидери ќе бидат предводници на јадрото кое беше оформено со проектот „Младински Фронт“ и ќе даде дополнителен импулс во мобилизацијата на нови граѓански активисти и иницијативи за справување со проблемите во заедницата и поткревање на јавната свест за истите кај граѓаните и институциите.