Младински Фронт е иницијатива за зголемување на јадрото од млади луѓе, кои од секаков аспект (јавен, истражувачки, едукативен, општествено-политички, граѓански, социо-економски), ќе се занимаваат со проблемот на високата стапка на невработеност помеѓу младите во Прилеп и Р. Македонија и нивното иселување надвор од државата како последица на тоа.
Младинскиот фронт има за цел да го актуелизира проблемот во јавноста, да ја поткрени јавната свест за истиот, притоа да ја засили проактивноста на младите и да поттикне нивна поголема вклученост во изнаоѓањето решенија и иницијативи за справување со невработеноста и иселувањето како најгорлив проблем на младите.