Подобро општетсво, без говор на омраза!
Во секојдневието се повеќе се појавува говор на омраза, особено меѓу младите. Училиштата веќе стануваат не толку безбедни простори за нив, исто како и дел од јавниот простор.
Пред да навредиме некого да се потсетиме дека никој од нас не е подобар од другиот!
Ние сме #Противговорнаомраза а ти?
На 05.11.2018 (понеделник), тимот на ПАКТИС одржа инфо-сесија во средното економско училиште „Кузман Јосифоски- Питу“- Прилеп.
На учениците им беше презентиран прирачникот за заштита од говор на омраза и се одржа плодна дискусија, на која младите ги споделија своите ставови во однос на тоа како да се редуцира говорот на омраза и споделија лични искуства за судир со говор на омраза.