“Законите за хонорарците се неуставни!”
април 20, 2019
ПРИКЛУЧИ СЕ КОН ГРУПНАТА ПРЕТСТАВКА ДО УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
ПРАВО НА ЕДНАКВОСТ И РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА ХОНОРАРЦИТЕ!
Зошто?
- Хонорарците ќе плаќаат придонеси, а нема да имаат право на плата, на пауза, на годишен одмор, на синдикално здружување, на породилно/родителско отсуство итн.
- Хонорарците се заглавени во бирократските лавиринти кои ни администрацијата не знае како да ги спроведе, зашто законите се непрецизни, двосмислени и нејасни
- Нејасно е за кој период хонорарците ќе бидат здравствено и пензиско осигурани
- Невработените хонорарци ќе бидат избришани од регистрите на Агенцијата за вработување
- Хонорарците имаат обврска да доставуваат пријави за примен хонорар, наместо државните институции сами да водат евиденција
Со пакетот неуставни закони се прекршуваат следниве уставни права и принципи:
Владеењето на правото; правото на еднаквост; правото на работа, и забраната за повратно дејство на законите.
Текстот на иницијативата е достапен во ПДФ-формат тука
Секој полнолетен граѓанин може да се приклучи кон иницијативата преку пополнување формулар на едно од наведените места, секој работен ден од 9 до 16 часот, во периодот од 23 март до 6 април 2015 година:
- Скопје: ГЕМ клуб (Менада), Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, тел. 02 322 4701;
- Битола: Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самоил 29, тел 047 233 020;
- Кратово и Крива Паланка: Здружение Регионален центар за одрзлив развој, ул Гоце Делчев 24, тел 031 481 542;
- Дебар: Центар за одржлив развој на заедницата, ул.Велко Влаховиќ бр.13, тел. 046/835-106;
- Тетово: Младински образовен форум – Тетово, ул. Јане Сандански 48/1, тел. 078 220 801;
- Штип: Фондација за развој на локалната заедница, ул. Сремски фронт бб (детска градинка „Сончогледи“, населба „Сењак“), тел. 032 383 116;
- Прилеп: Здружение центар за стратегии и развој ПАКТИС, ул.Tрајко Сандански А2-1, тел. 078 815 251;
- Струга: Центар на Заедницата на Општина Струга, ул. „Владо Малески “ б.б. ( зграда на министерство за одбрана), тел. 046 839 112;
- Делчево: НВО КХАМ, ул. Маршал Тито 69 (стар пожарен дом), тел. 033 413 695;
- Струмица: Центар на заедницата на општина Струмица ул. Благој Мучето бб, тел. 034 334 117
- Куманово: Национален ромски центар, ул. Доне Божинов 11/5, тел. 031 427 558;
- Берово: Здружение за промоција и заштита на прават на ромите – Roma Future, тел. 075 621 267;
- Кавадарци: Проект ЕУ, тел. 070 236 461;
- Кичево: НВО Месечина, ул. Маршал Тито 407, тел. 070 726 438;
Формуларите со претставките ќе бидат групно поднесени до Уставниот суд на Република Македонија во втората половина на април 2015 година.
ЗАКОНИТЕ ЗА ХОНОРАРЦИ СЕ НЕУСТАВНИ!