Здружение Центар за стратегии и развој- ПАКТИС- Прилеп со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија го спроведува проектот „Активирај се против говорот на омраза и лажните вести“, во период од Јули до Декември 2018 година.
Проектот има за цел да ја едуцира пошироката јавност, особено младите во областа на говорот на омраза и лажните вести, како и за негативните импликации врз развојот на младата популација од зачестеното ширење на говор на омраза на социјалните мрежи и во локалната средина.
Во рамките на овој проект ПАКТИС започнува кампања со која се стреми да го редуцира говорот на омраза, особено помеѓу младите и ќе користи алатки што подразбираат употреба на уметноста за спречување на говорот на омраза, обука за граѓанско новинарство и јавна дебата за остварување на интеракција помеѓу сите засегнати страни.