Главната цел на проектот е реорганизација на статутот и опфатот на делување на ПАКТИС, како и овозможување континуитет на претходните и тековните иницијативи на организацијата.
Специфични цели на проектот се следните:
- Проширување на организацијата со нови работни тела и органи, вклучување на докажани личности коишто се истакнале во промоција на концептот на отворено граѓанско општество, како и во областите на човековите права, доброто владеење, општествен и социо – економски развој на заедниците.
- Продолжување на претходно покрената иницијатива на ПАКТИС за подобрување на управувањето со отпадот во Прилеп и нудење препораки за негово профитабилно искористување.
- Спроведување на детална анализа и опсервација на новиот Закон за одредување на видот и одмерување на висината на казната во рамки на битолско апелационо подрачје.
- Промоција на младински активизам и актуелизирање на младинските проблеми но и успеси во поширока јавност.