Систем на алтернативни мерки со посебен осврт на состојбата на имплементација во Општина Прилеп

Во рамките на грантовата шема Мрежа 23, Здружението Центар за стратегии и развој Пактис од Прилеп, го спроведува проектот „Систем на алтернативни мерки со посебен осврт на состојбата на имплементација во Општина Прилеп“

Основната цел на овој проект е анализа и оцена на состојбата на имплементација на видовите на алтернативните мерки. Истовремено потребна е анализа и оцена на остварувањето на целите на казнувањето, генерално на казнената политика во Република Македонија, вклучувајќи го процентот на изрекување на казните затвор, краткотрајните казни затвор и видовите алтернативни мерки. За добивање реална слика на имплементацијата на алтернативните мерки потребна е и анализа на работата на клучните институции во процесот на имплементација на алтернативните мерки како и генералните ставови на стручната јавност за потребата и практичната примена на алтернативните мерки.

Преку наведеното, крајната цел е да се постигне стимулирање на незатворските мерки, кои обезбедуваат еквилибриум меѓу правата на сторителот, правата на жртвата и интересот на општеството, односно казната затвор да биде применувана како последно средство. Дополнително, преку активностите на здружението да биде актуелизирана проблематиката на алтернативните мерки и функционирањето на казненоправниот систем во државата, како и информирање на стручната и пошироката јавност за состојбата на имплементација на алтернативните мерки, нивната улога и цел.

Активности:

  • Спроведување анкета за применливоста на алтернативните мерки до: судии, обвинители, адвокати, претставници на Центарот за социјални работи, претставници на локална самоуправа, граѓани;
  • Анализа на добиените резултати;
  • Изготвување на информативна брошура за алтернативните казнени мерки
  • Организирање трибина со работен наслов „Општокорисна работа во Европа и Македонија, теорија или пракса?“, со учество на претставници од целните групи, презентација на темата и проблемот од страна на повикани искусни и стручни лица, презентација на резултатите од спроведените истражувања;
  • Развивање дебата и изнесување предлози подобрување на моменталната состојба;