НВО Инфоцентар во
рамки на проектот „Застапување за слобода на изразување“ во соработка со
Центарот за стратегии и развој ПАКТИС, организираше две работилници во
Прилеп, од кои едната на тема „Односи со јавност и комуникациски
вештини“ на која предавач беше Билјана Бејкова, а другата на тема
„Слобода на изразување и здружување“ на која предавач беше Уранија
Пировска од Хелсиншкиот Комитет за човекови права.