ОТВОРЕНА ПОКАНА ДО СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ГРАЃАНИ И ИНСТИТУЦИИ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП
Почитувани,
Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија, во соработка со Центарот за стратегии и развој „Пактис“ од Прилеп кој го спроведуваше проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“, Ве покануваат да учествувате на тркалезна маса: „Фабрика за Биогас – решение за почист Прилеп“, што ќе се одржи на 17.11.2016 година (четврток), со почеток во 18:00 часот во хотел „Сонце ГА“ Прилеп.
Проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп”, на Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп, се спроведуваше во Прилеп во периодот од јануари 2015 до април 2016 година и главната цел беше следење на процесот за справување со отпадот и проблемите со градската и дивите депонии во општината Прилеп, едукација на граѓаните за штетите од истите, како и осознавање на формите за управување и постапување со отпадот.
На тркалезната маса ќе биде презентиран документот за политики „Фабрика за биогас – решение за почист Прилеп“ кој е подготвен врз основа на резултатите од спроведувањето на проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп”. Тркалезната маса ќе биде можност да се претстават и разгледаат начините за подобро управување со отпадот и можностите за профитабилно искористување на истиот, како и можностите за искористување на Биомасата од регионот на општина Прилеп.