Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС од Прилеп во рамките на проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“, оддржа работилница на тема „Профитабилни форми на управување и постапување со отпадот“, на која учество зедоа релевантни познавачи од областа на животната средина, сертифицирани лица за управување и постапување со отпад, како и експерти за инсталации за производство на алтернативни енергенси врз база на отпад.
На работилницата се разгледаја можностите за искористување на отпадот од домаќинствата, индустријата, стопанството, агрокомплексот и фармите од регионот на Прилеп, како суровина за производство на биоенергенси и беа донесени следните генерални заклучоци и препораки:
Биоразградливиот отпад (биомасата) од Регионот на Прилеп е иделна суровина за производство на Биогас и дека расположливiте количини од овој Регион се доволни и целосно ја оправдуваат потребата од изградба на Инсталација за производство на биогас во рамките на Општината
Директен бенефит од ваквата инсталација за производство на биогас врз база на отпад, ќе има не само операторот кој ќе стопанисува со истата, туку и општината преку можностите за снабдување со алтернативно гориво, особено на институции од областа на образованието, здравството, социјалните установи, како и уличното осветлување, градскиот сообраќај, па дури и снабдување со гориво на идната топлификација на градот.
Имајќи предвид дека отпадот е суровина, а не ѓубре, директен бенефит ќе имаат создавачите на отпад: граѓаните, фармите, стопанските субјекти, земјоделците и други, кои ќе финасиска корист и можност за намалени сметки и пониски трошоци за подигнување на отпадот, улично осветлување, греење, користење на јавниот превоз и слично
Потребна е итна измена на Локалниот Еколошки Акционен План – ЛЕАП, кој како стратешки документ за животна средина од надлежност на општина Прилеп, е целосно заборавен уште од неговото донесување при крајот на 2003 година. Со истиот треба да се прошири опфатот со регионите на Мариово и Тополчани, областите за електронскиот отпад, отпадите од фармите, агрокомплексот, индустријата, стопанството, кои можат да се искористат како суровина за производство на биогас
Согласно задолженијата од законот, општината итно треба да формира Тело за следење на имплементацијата на ЛЕАП-от, раководено од Градоначалникот. Советот на општината треба да донесе пропис за начинот на доставување на податоци од организациите, институциите и другите правни и физички лица надлежни за спроведување на ЛЕАП-от
Со оваа работилница, здружението ПАКТИС продолжува со кампањата за поткревање на еколошката свест кај граѓаните и институциите во Прилеп за намалување на загадувањето, со акцент на можностите за профитабилност и социо-економоска придобивка, кои отпадот ги нуди како суровина за производство на алтернативни енергенси.