Втора работилница

Почитувани,

Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС од Прилеп во рамките на проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“, оддржа работилница на тема „Профитабилни форми на управување и постапување со отпадот“, на која учество зедоа релевантни познавачи од областа на животната средина, сертифицирани лица за управување и постапување со отпад, како и експерти за инсталации за производство на алтернативни енергенси врз база на отпад.

На работилницата се разгледаја можностите за искористување на отпадот од домаќинствата, индустријата, стопанството, агрокомплексот и фармите од регионот на Прилеп, како суровина за производство на биоенергенси и беа донесени следните генерални заклучоци и препораки:

  • Биоразградливиот отпад (биомасата) од Регионот на Прилеп е иделна суровина за производство на Биогас и дека расположливiте количини од овој Регион се доволни и целосно ја оправдуваат потребата од изградба на Инсталација за производство на биогас во рамките на Општината
  • Директен бенефит од ваквата инсталација за производство на биогас врз база на отпад, ќе има не само операторот кој ќе стопанисува со истата, туку и општината преку можностите за снабдување со алтернативно гориво, особено на институции од областа на образованието, здравството, социјалните установи, како и уличното осветлување, градскиот сообраќај, па дури и снабдување со гориво на идната топлификација на градот.
  • Имајќи предвид дека отпадот е суровина, а не ѓубре, директен бенефит ќе имаат создавачите на отпад: граѓаните, фармите, стопанските субјекти, земјоделците и други, кои ќе финасиска корист и можност за намалени сметки и пониски трошоци за подигнување на отпадот, улично осветлување, греење, користење на јавниот превоз и слично
  • Потребна е итна измена на Локалниот Еколошки Акционен План – ЛЕАП, кој како стратешки документ за животна средина од надлежност на општина Прилеп, е целосно заборавен уште од неговото донесување при крајот на 2003 година. Со истиот треба да се прошири опфатот со регионите на Мариово и Тополчани, областите за електронскиот отпад, отпадите од фармите, агрокомплексот, индустријата, стопанството, кои можат да се искористат како суровина за производство на биогас
  • Согласно задолженијата од законот, општината итно треба да формира Тело за следење на имплементацијата на ЛЕАП-от, раководено од Градоначалникот. Советот на општината треба да донесе пропис за начинот на доставување на податоци од организациите, институциите и другите правни и физички лица надлежни за спроведување на ЛЕАП-от

Со оваа работилница, здружението ПАКТИС продолжува со кампањата за поткревање на еколошката свест кај граѓаните и институциите во Прилеп за намалување на загадувањето, со акцент на можностите за профитабилност и социо-економоска придобивка, кои отпадот ги нуди како суровина за производство на алтернативни енергенси.