Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество и поддршката за граѓански организации што дејствуваат како демократски јадра во нивните заедници, Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС од Прилеп, започна да го спроведува проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“.
Со реализацијата на Проектот предвидуваме две главни цели:
- Формирање на граѓанско јадро за решавање на проблемите со градската депонија и дивите депонии во општината, во кое, како засегнати страни ќе бидат вклучени граѓаните и институциите, еколошките здруженија, експертите за локален економски развој, здравствените работници и производителите на стопански и еколошки отпад во општина Прилеп;
- Развивање на општата свест кај засегнатите страни за директните штети по здравјето на граѓаните и животната средина од неправилното постапување со отпадот, како и за формите за правилното управување и одлагање на отпадот, како и можноста за профитабилност и социо-економски бенефит од отпадот.
Активности:
- Работилници со засегнати страни
- Лоцирање на депонии
- Дефинирање на профитабилни форми на справување со отпад
- Трибини
- Изработка и објавување на прирачници
- Доставување на иницијатива
- Публикување на извештај