На оваа работилница учествуваа активисти и учесници во проектните активности на ПАКТИС и беа разгледани и дискутирани клучните постигнати резултати во локалната заедница на иницијативите од одганизацијата.
На истата беа конципирани тези и клучни поенти за комуникација со јавноста, кои исто така ќе бидат дел од брошурата, наменета за пошироката јавност во општина Прилеп.
Крајната цел е да се промовира позитивната улога на ПАКТИС во локалната заедница и позитивниот општествен ефект од покренатите граѓански иницијативи.