Тркалезна маса: Фабрика за Биогас – решение за почист Прилеп

Почитувани,
Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија, во соработка со Центарот за стратегии и развој „Пактис“ од Прилеп кој го спроведуваше проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“, oрганизираше тркалезна маса: „Фабрика за Биогас – решение за почист Прилеп“
Проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп”, се спроведуваше во Прилеп во периодот од јануари 2015 до април 2016 година и главната цел беше следење на процесот за справување со отпадот и проблемите со градската и дивите депонии во општината Прилеп, едукација на граѓаните за штетите од истите, како и осознавање на формите за управување и постапување со отпадот.
На тркалезната маса беше презентиран документот за политики „Фабрика за биогас – решение за почист Прилеп“ кој е подготвен врз основа на резултатите од спроведувањето на проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп”.
Беа разгледани начините за подобро управување со отпадот и можностите за профитабилно искористување на истиот, како и можностите за искористување на Биомасата од регионот на општина Прилеп.