Здружението Центар за стратегии и развој – ПАКТИС во соработка со Младински образовен Форум – МОФ, на 29-ти и 30-ти Ноември, 2014 година, организираше дводневен тренинг на тема „ Истражувачки алатки“. Обуката ја поминаа 20 млади лица, кои се стекнаа со основните вештини за спроведување на квалитативно и квантитативно истражување, наменето за спроведување на анкети, интервјуа, прашалници, како и за сите останати видови на тематски истражувања.
Дополнително, обуката опфати и тренинг за спроведување на истражување со акцент на фокус групи, односно како да се спроведи истражување кое се однесува исклучиво на определена група на граѓани, институции и останати групи на субјекти, кои се засегнати од одредени закони или најразлични општествени случувања.
Предавачи на тренингот беа Моника Божиновска и Петар Димитров.